Учество на претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија на 63-тата Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија со седиште во Виена, Австрија.
Билатерална средба со преставниците на регулаторното тело за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност на Република Србија на чело со Директорот Слаѓан Велинов, на која беше разговарано и договорено за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете регулаторни тела.
Билатерална средба со г-дин Игор Сирц директор на Управата за нуклеарна безбедност на Република Словенија , на која беа споделени искуства и информации корисни од областа на радијациона сигурност.
Средба со г-дин Игор Џундев, амбасадорот на Постојаната мисија во Виена.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25