Во рамките на EXBS програмата на Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија на 14 септември се одржа практична вежба на граничниот премин Табановце каде претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа во примена и спроведување на Стандардните оперативни процедури при детекција на радиоактивни и нуклеарни материјали.
При тоа се презентираше детекција на радиоактивни извори со мобилното возило ( комбе ), како и дополнителната опрема ( ранец, идентификатор), донација од Американската амбасада во Република Северна Македонија.
Претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност со своја опрема го изврши терцијалниот претрес на детектираниот радиоактивен извор и ги спроведе сите активности и постапки соглано стандардните оперативни процедури потпишани помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност, Министерството за внатрешни работи( Гранична полиција) и Царинската управа.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25