На 01.03.2019 година, Дирекцијата за радијациона сигурност успеа со помош на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го извезе односно дислоцира од нашата држава во Унгарија, радиоактивниот извор на јонизирачко зрачење од I категорија Co- 60, кој од 2012 година беше складиран на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Клиничкиот центар Скопје.
Со оваа активност државата повеќе не поседува извори од овој тип со што е зголемено нивото на заштита од изложеност на јонизирачко зрачење на населението, работно изложените лица и животната средина.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25