Владата на САД преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при амбасадата на САД во Република Македонија донираше опрема и две специјални комби возила со мобилна опрема за откривање на радијација на Одделот за гранични работи и миграции и Секторот за криминалистичко разузнавање и анализа при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија,
Притоа, двете комби возила односно мобилни системи за откривање радиоактивен материјал ќе можат да ги користат и други надлежни институции во државата, како што е Царинската управа на Република Македонија и Дирекцијата за радијациона сигурност, со цел подобрување на капацитетите при спроведувањето на професионални операции за гранична контрола и внатрешната безбедност.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25