Во периодот 16-18 октомври 2017 година Дирекцијата за радијациона сигурност организира работилница за оптимизација на медицинска изложеност, во рамките на проектот на Европската комисија EuropeAid/136376/DH/SER/Multi/2, за Понатамошно подобрување на техничките капацитети на нуклеарните регулаторни тела за земјите од Западен Балкан. Првиот ден од работилницата е предвиден за докторите радиолози, интервентни кардиолози, радиолошките технолози како и за институциите кои вршат контрола на квалитет во дијагностичка радиологија, додека останатитте два дена ќе бидат ориентирани повеќе за радиолошките технолози и институциите кои вршат контрола на квалитет во дијагностичка радиологија.
Работилницата, во соработка со Здружението на радиолози на Република Македонија, е пријавена во Лекарската комора на РМ за добивање на бодови на докторите кои ќе земат учество на истата.
Работилницата која ќе се одржи во ЈЗУ Градска општа болница Скопје.
Контакт лица за подетални информации во врска со работилницата:
1.    Горан Ангеловски, 076 446 794, е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и
2.    Горан Трајков, 071 231 331, е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 АГЕНДА / AGENDA

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik