На ден 19 мај 2015 година во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи во Скопје, вработени во Дирекцијата за радијациона сигурност и тоа Горан Трајков, советник инспектор, м-р Горан Ангеловски и д-р Трифче Сандев, извршија обука на припадници од Управата за безбедност и контраразузнавање. Обуката се состоеше од предавања на тема радијациона заштита, радијациона сигурност и нуклеарна безбедност, како и запознавање со радиоактивните извори и нуклеарните материјали со кои може да се соочат при нивната работа. На обуката се одржа и практичен дел за запознавање со работата на инструментите за детекција на јонизирачко зрачење. Оваа обука е како резултат на добрата соработка на Дирекцијата за радијациона сигурност и Управата за безбедност и контраразузнавање.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25