Нашата држава е потписник на закон за ратификација на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (Сл. лист на Сфрј бр. 10/1970) и Дополнителен протокол кон спогодбата за примена на гаранции во врска со Договорот за неширење на нуклеарно оружје (Сл. весник на Р.М бр. 43/07) со Меѓународната агенција за атомска енергија - IAEA.
Согласно наведениот закон и договор на 12ти и 13ти декември 2024г, инспектори од МААЕ извршија инспекција во нашата држава. Целта на инспекцијата беше посета на 5 привремени складишта со радиоактивни извори.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25