На 4 и 5 јули 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржаа семинари од предавачи од Универзитетот во Лиеж – Белгија и Институтот за радиоелементи во Флеурус – Белгија, на тема „Управување со радиоактивен отпад во нуклеарна медицина и терапија со радиоактивен јод“ и „Мониторинг на отпаден метал“. Семинарите се организираа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност во рамки на билатералната соработка на Република Македонија и Кралството Белгија и истите се финансирани од Министерството за економија на Кралството Белгија.
Првиот ден предавањата опфаќаа теориски аспекти на радијационата заштита и управувањето со радиоактивен отпад во нуклеарната медицина, процедури при терапија со радиоактивен отпад, како и практични информации за состојбата во Белгија и нивните искуства во управувањето со медицинскиот радиоактивен отпад.
Вториот ден предавањата ги опфаќаа теми за потребата за мониторинг на отпадниот метал поради веројатноста за присуство на радиоактивен извор или радиоактивен отпад во истиот. Беа презентирани искуствата од Белгија во справувањето со напуштените радиоактивни извори и радиоактивен отпад во отпаден метал, процедурите за реагирање при појава на зголемено ниво на зрачење во отпаден метал, меѓународните препораки и пракси, како и инциденти што се случиле во минатото.
На семинарот за управување со радиоактивен отпад и терапија со радиоактивен јод присуствуваа учесници од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина во Скопје, Клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје, ПЕТ Центарот во Скопје, техничкиот сервис Екотех Дозиметрија во Скопје и Дирекцијата за радијациона сигурност во Скопје. Вториот ден, на семинарот за мониторинг на отпаден метал имаше претставници од Царинската управа на Република Македонија, Граничната полиција на Република Македонија, техничкиот сервис Екотех Дозиметрија во Скопје и Дирекцијата за радијациона сигурност во Скопје.
Овие семинари се како резултат на континуираната одлична соработка на Дирекцијата за радијациона сигурност во Скопје и Институтот за радиоелементи во Флеурус. Се дискутираше и за можните билатерални проекти за наредните години.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25