Во 6 јуни 2018 година во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово за соработка во полето на радијационата заштита и нуклеарна безбедност. Меморандумот беше потпишан помеѓу директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија г-дин Светислав Ѓорѓевиќ и директорот на Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово г-дин Беќир Мезелџиу (Beqir Mezelxhiu), во присуство на претставници од Амбасадaта на САД во Република Македонија г-дин Џорџ Кларк (George Clarke) и г-ѓа Фросина Ивановска.
Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање се воспоставува билатерална соработка помеѓу двете регулаторни тела на Република Македонија и Република Косово во областа на радијационата и нуклеарната сигурност и безбедност и радијационата заштита, а со тоа се овозможува размена на технички информации на полето на борбата против нелегалната трговија и постапување во случај на вонредни настани, како и искуства во спроведувањето на правото на ЕУ.
Дирекцијата за радијациона сигурност има потпишано Меморандуми за разбирање во насока на воспоставување на билатерална соработка со регулаторните тела на Словенија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина. Црна Гора.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25