На работилницата беа презентирани различните методи за надзор, мерки  и програми кои тековно се применуваат во земјите кои имаат нуклеарна централа  во инспектирањето  на човечките и организациски фактори , со цел да се идентификуваат добрите пракси и истите да се земат во предвид за понатаму за регулаторен надзор на споменатите фактори кај субјектите кои вршат дејност со извори на јонизирачко зрачење.
 Посебен осврт беше даден на претставниците од регулаторните тела на Швајцарија и Франција.
Од страна на нашиот претставник, во текот на работилницата  беше претставена моменталната состојба во Република Македонија, постоечката регулатива, методите и програмите кои се однесуваат и применуваат во инспектирање на човечките и оранизациските фактори, а со цел обезбедување поголема безбедност во вршењето на дејноста.
Во текот на работилницата беа претставени и идните планови за текот на проектот како и достигнувањата кои треба да се исполнат.

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25