Програми:

1. Контрола на изворите на јонизирачкото зрачење

Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Намалување на нивото на изложеност на населението на штетното влијание на јонизирачко зрачење
Резултат2: Намалена емисија на неконтролирано зрачење
Резултат3: Подобрен квалитет на водата, воздухот, земјиштето и храната
Резултат4: Зголемено ниво на едукација кај населението во однос на јонизирачкото зрачење

2. Управување и надзор со радиоактивен отпад

Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Безбедно складиран ниско и средноактивен радиоактивен отпад од дисперзираните и времени складови во еден централен склад
Резултат2: Спречување на неовластена употреба на изворите на јонизирачко зрачење
Резултат3: Зголемена контрола и увид над радиоактивниот отпад

3. Контрола на недозволената трговија

Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Воспоставен национален систем на контрола за спречување на недозволената трговија со извори на јонизирачко зрачење и радиоактивен отпад
Резултат2: Зголемена контрола на недозволената трговија со извори на јонизирачко зрачењеи радиоактивен отпад
Резултат3: Подобрена соработка со земјите од регионот и ЕУ

 

Цели:

1. Унапредување на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење

· Зачестени контроли
· Зголемен број на извршени инспекциски увиди
· Давање на совети и предлагање на мерки за да се намали ризикот од изложеност на јонизирачко зрачење
· Зајакната контрола при издавањето на дозволи;
· Зголемување на бројот на мерењата на присуство на радионуклеидите во воздухот, водата, почвата и храната
· Воспоставување на поголем број мерни станици и лаборатории

2. Континуирано подобрување на управување и надзорот со радиоактивниот отпад

· Изградба на склад на ниско и средноактивен радиоактивен отпад
· Набавка на возило и опрема за транспорт и складирање на радиоактивен отпад
· Обука на кадар за управување и складирање на радиоактивен отпад

3. Зајакнување на контролата на недозволената трговија со радиоактивни  материјали

·  Набавка на инструменти за мерење на нивото на радиоактивност
·  Обука на персоналот за ракување со мерните инструменти
·  Канализиран систем на размена на информации меѓу надлежните институции во Република Македонија и соодветните меѓународни институции

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25