Согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на Република Македонија бр.48/02, 135/07 и 53/11) една од задачите на Дирекцијата за радијациона сигурност е лиценцирање на извори на јонизирачко зрачење, кој вклучува издавање дозволи за увоз и извоз на извори на јонизирачко зрачење и транзит на радиоактивен материјал низ територијата на Република Македонија.

EXИM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.

Електронско понесување на барањата за дозволи во надлежност на Дирекцијата за радијациона сигурност се врши преку EXIM системот со избор на следниот линк www.exim.gov.mk. На истиот линк се објавуваат и потребните информации за условите и правила за регистрација на економските оператори во EXIM, каде можат да се најдат и прирачниците за негово користење.

Дозволи кои ги издава ДРС опфатени во ЕХИМ:

Рб Шифра Име на дозволата Постапка Износ на АТ (во денари) Други надоместоци (Да/Не) Рок на одговор (во денови) Рок на важност (во денови)
1 T001 Дозвола за вршење на дејност со извори за јонизирачко зрачење во постапка на транзит транзит 300 Да 15 30
2 E036 Дозвола за вршење на дејност со извори за јонизирачко зрачење во постапка на извоз извоз 300 Да 15 180
3 I036 Дозвола за вршење на дејност со извори за јонизирачко зрачење во постапка на увоз увоз 300 Да 15 180

 

Согласно член 2 од Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на дозволата за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење, формата и содржината на образецот на дозволата и за начинот и постапката за издавање на дозволата (Службен весник на Република Македонија бр.157/09), барањето за издавање на дозвола за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење се поднесува исто така и во хартиена форма на следниве обрасци:


Барањето поднесено и во хартиена и во електронска форма се доставува со следната документација во копија:

  1. дозволата за вршење дејност со извори на јонизирачко зрачење на примачот-краен корисник;
  2. дозвола за превоз на радиоактивните извори на превозникот (за превозник кој не е правно лице во РМ да се достави и програма за радијациона заштита);
  3. изјава за согласност од подносителот;
  4. изјава за намена на изворите од примачот-краен корисник;
  5. изјава од превозникот дека е согласен да го изврши превозот;
  6. сертификат за одобрување на контејнер;
  7. договор за враќање на истрошените извори;
  8. сертификат за сообразност;
  9. техничка спецификација;
  10. доказ за уплата на име административна такса и трошоци согласно прописите за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност. уплатницаупатство 

Правилник за висината на трошоците за издавање на дозволи и лиценци (Службен весник на Република Македонија бр.180 од 28.09.2016 год.)

Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки.(Сл. Весник 134/2008)

Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за воспоставување и начинот користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки.(Сл. Весник 13/2011)

Уредба за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при постапки за увоз, извоз и транзит - неофицијален пречистен текст.

Во случај на технички проблем или прекин во функционирањето на системот, обработката на податоците од барањата се врши со примена на документи во хартиена форма како алтернатива. (Алтернативна хартиена процедура)

Контакт за поддршка на ЕХИМ во Дирекцијата за радијациона сигурност

Ангелина Мишевска (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) тел. 02/3099-030

Трифче Сандев (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) тел.02/3099-030

Емилија Петрова (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) тел.02/3099-030

Санија Зулфиќари (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.) тел.02/3099-030


EXIM статистика

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање-IV квартал 2012

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање-I квартал 2013

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање-II квартал 2013

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање-III квартал 2013

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање-IV квартал 2013

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - I квартал 2014

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - II квартал 2014

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - III квартал 2014

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - IV квартал 2014

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - I квартал 2015

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - II квартал 2015

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - III квартал 2015

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - IV квартал 2015

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - I квартал 2016

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - II квартал 2016

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - III квартал 2016

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - IV квартал 2016

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - I квартал 2017

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - II квартал 2017

Обем на издадени дозволи и просечно време на издавање - III квартал 2017


Главен контакт за поддршка на ЕХИМ во Царинска управа

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел. 02/3293-916

Влез во системот -------> www.exim.gov.mk

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25