Од  13-17 Март 2017 година претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на работилница која се одржа во Виена, Австрија во рамките на проектот INT 9182 за имплементирање и зајакнување на нациоаналните капацитети за  контрола на радиоактивни извори и искористени затворени извори од нивно производство до нивно одлагање (Control of Radioactive Sources (INT-9182),Workshop on implementation of a national cradle-to-grave control system for radioactive sources and DSRS).
На истата работилница беше претставена моменталната состојба во Република Македонија коja  се однесуваат  на радиоактивните извори кои се во употреба, искористените радиоактивнио затворени извори кои се складирани во привремени складишта, Националната легислатива и регулатива и нејзината хармонизација согласно со МААЕ стандардите, препораките и водичите.
На работилницата  се претставија понатамошните активности во рамките на проектот преку други работилници, тренинг курсеви за останатиот дел од  2017 година.

 

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25