Во периодот од 19 до 23 март 2017 година во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, еден претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на состанокот за имплементирање на политики и стратегии за управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори. Состанокот беше организиран во рамките на проектот „INT9182 “Sustaining Cradle-to-Grave Control of Radioactive Sources” во којшто учествува и Република Македонија. На состанокот учествуваа претставници од 19 земји, како и експерти од МААЕ, коишто ги презентираа националните политики и стратегии во управувањето со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори. Посебно внимание на состанокот беше посветено на предизвиците со коишто се соочуваат земјите при управувањето со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори, вклучувајќи ги и напуштените радиоактивни извори и за потребата за конечно одлагање на радиоактивниот отпад.

Дирекцијата за радијациона сигурност со помош на експерти на МААЕ во рамките на истиот проект има изготвено нацрт политика и стратегија за управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори која што треба да се имплементира од страна на Владата на Република Македонија. Исто така, преку истиот проект, Дирекцијата за радијациона сигурност бараше финансиска помош од МААЕ за демонтирање и извезување на единствениот искористен радиоктивен извор во Република Македонија од Категорија 1 (кобалт-60, Co-60). Дирекцијата за радијациона сигурност сеуште е во преговори за реализирање на овој важен и финансиски многу скап проект којшто се очекува да се реализира до крајот на 2017 година преку МААЕ со финансиска помош на Владата на САД. Со реализација на овој проект Република Македонија ќе се ослободи од најопасниот радиоактивен извор во Република Македонија и ќе реши огромен проблем во управувањето со радиоактивен отпад и искористените радиоактивни извори во државата.

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25