Во 6 јуни 2018 година во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово за соработка во полето на радијационата заштита и нуклеарна безбедност. Меморандумот беше потпишан помеѓу директорот на  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија г-дин Светислав Ѓорѓевиќ и директорот на Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово г-дин Беќир Мезелџиу (Beqir Mezelxhiu), во присуство на претставници од Амбасадaта на САД во Република Македонија г-дин Џорџ Кларк  (George Clarke)  и г-ѓа Фросина Ивановска.

Повеќе...  

Во периодот 24-25 мај 2018 година во Брисел, Белгија се одржа завршен состанок во рамките на ИПА проектот  „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.

Повеќе...  

На 23 мај 2018 година во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија во состав Светислав Ѓорѓевиќ – директор на Дирекцијата за радијациона сигурност, Трифче Сандев и Горан Трајков, учествуваа на 6-тиот состанок за прегледување на Извештаите на земјите пристапнички на Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад.

Повеќе...  

На ден 15 мај 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија. На обуката присуствуваа претставници на Царинската управа од сите регионални центри и истата ја спроведоа 5 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.

Повеќе...  

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25