На ден 10.04.2017 година, Дирекцијата за радијациона сигурност прими донација од Амбасада на Соединетите Американски Држави во Република  Македонија преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност,  која се состои од научна и стручна литература од областа на нукларната физика, радијационата заштита, примената на јонизирачкото зрачење во медицината и сл.

Повеќе...  

Во периодот од 19 до 23 март 2017 година во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, еден претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на состанокот за имплементирање на политики и стратегии за управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори. Состанокот беше организиран во рамките на проектот „INT9182 “Sustaining Cradle-to-Grave Control of Radioactive Sources” во којшто учествува и Република Македонија.

Повеќе...  

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25