Во периодот 30 март – 2 април 2015 година двајца претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС) учествуваа на работен состанок за ревизија на документ на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за безбедност на радиоактивни извори “IAEA Nuclear Security Series No. 11”. На состанокот учествуваа претставници на регулаторни тела од голем број на земји во светот како и експерти кои учествувале во изготвување на новиот нацрт документот. На состанокот ДРС имаше свои забелешки и коментари за нацрт документот од кои дел се вградени во новата верзија на документот, а дел се оставени за разгледување и понатамошна дискусија и можно нивно имплементирање. Новиот документ се очекува да биде објавен од МААЕ во последниот квартал на 2016 година.

 

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25