На 12 и 13 мај 2015 година делегација од Република Македонија во состав од Горан Ангеловски, Емилија Петрова и Трифче Сандев, вработени во Дирекцијата за радијациона сигурност, присуствуваа на петтиот состанок за прегледување на Извештаите од земјите пристапнички на Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад.
Притоа на 12 мај 2015 претставниците од Дирекцијата имаа презентација за начинот на имплементација на Заедничката конвенција во Република Македонија.
За Република Македонија ова беше прво учество на состанок за Заедничката конвенција, за која во декември 2014 година го поднесе вториот Извештај за исполнување на обврските по истата.
Првиот извештај за Заедничката конвенција беше поднесен во октомври 2011.
Наредниот трет Извештај треба да биде поднесен во 2017,  додека пак наредниот Состанок за прегледување ќе се одржи во 2018 год.

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25