Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 53/15) и Одлуката за давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад на Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.157/18), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, за движните ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведената локација и истите да ги транспортираат како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во Дирекцијата за радијациона сигурност, лоциранa на бул.Партизански Одреди бр.143 Скопје.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Кабир Асани, телефон за контакт: 076/446-797,  електронска адреса:  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност, лоциранa на бул.Партизански Одреди бр.143 Скопје или електронски, преку ИНСТРУКЦИЈА ПО ЈАВЕН ПОВИК .

Краен  рок за доставување на пријавите за учество е  5 (пет) дена сметано од првиот нареден ден од денот на објавата на јавниот повик, односно до 19.10.2018 година до 16:00 часот.

ИНСТРУКЦИЈА ПО ЈАВЕН ПОВИК

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik