Со цел да го поддржи подобрувањето на нуклеарната сигурност ширум светот, Европската унија воведе посебна програма наречена „Инструмент за соработка во областа на нуклеарната сигурност - INSC“ со која раководи Генералниот директорат за меѓународни партнерства при Европската комисија. Една од важните области за сите земји, без разлика дали имаат нуклеарни централи, е подготвеноста и одговор при нуклеарни и радијациони вонредни настани.
Проектот „Подготвеност и одговор при вонредни настани во регионот на Западен Балкан“, кој е имплеметиран во рамките на оваа програма, е од особена важност за целиот регион на Западен Балкан.
Целта на проектот е земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) да ги зајакнат и подобрат националните аранжмани за управување на вакви настани. За таа цел во сите шест земји е инсталиран системот (J)RODOS- (Java version) of Real-time On-line Decision Support system, беа обезбедени обуки, вклучувајќи вежби, онлајн состаноци, вебинари. Проектот започна во февруари 2020 и завршува во јули 2023, Дирекцијата за радијациона сигурност на почетокот на ноември 2022 спроведе тродневна Национална симулациска вежба и ја тестираше употребата на системот JRODOS.
За време на завршниот состанок на 14 Јуни, кој се одржа во Охрид сите учесници од земјите на Западен Балкан ја потврдија важноста на ваквиот систем. Дополнително,зајакната е и регионалната соработка, што придонесува за усогласување на активностите за одговор при вонредни настани.
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25