Во рамките на билатералниот проект помеѓу Република Македонија, претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност и Кралството Белгија, претставено со Националниот институт за радиоелементи во Флеурус, финансиран од Министерството за економија на Кралството Белгија во 2013 година, Дирекцијата за радијациона сигурност доби опрема – систем за амбиентален мониторинг на радиоактивен јод – 131.   повеќе

Почитувани,

На линкот даден подолу можете да гo најдете нацрт Правилникот за критериуми и мерки за заштита од јонизирачко зрачење при вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење.

  

Цениме доколку издвоите време за разгледување на истиот  и доколку  имате забелешки и коментари, сугестии и предлози, истите може да ги доставите до Дирекцијата за радијациона сигурност  најдоцна до 15-ти мај 2014 година.

Ви благодариме однапред.

Со почит,

Дирекција за радијациона сигурност

   Правилник за критериуми и мерки за заштита од јонизирачко зрачење при вршење на   дејност со извори на јонизирачко зрачење.

   

Во периодот 17-21 февруари 2014 година во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена преставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, Горан Ангеловски и Горан Трајков, зедоа учество на Меѓународниот експертски состанок - конференција за радијациона заштита по несреќата во Фукушима Даичи – промовирање на доверба и разбирање. (International Experts’ Meeting on Radiation Protection after the Fukushima Daiichi Accident: Promoting Confidence and Understanding)

http://www-pub.iaea.org/iaeameetings/46522/IEM6

На конференцијата беше презентиран трудот на вработените во Дирекцијата за радијациона сигурност: “Communication and Public Information System in the Republic of Macedonia”, Goran Angelovski, Emilija Petrova, Goran Trajkov and Svetlana Petreska.

http://www-pub.iaea.org/iaeameetings/cn224Presentations.aspx

Преку презентираниот труд (постер и орална презентација) беше претставен воспоставениот систем на Дирекцијата за радијациона сигурност за комуникација и информирање на населението, како и комуникацијата и информирање на населението за време и по несреќата во Фукушима Даичи, Јапонија.

Во периодот 18-19 декември 2013 година, претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС), Горан Ангеловски, заедно со по еден претставник од МВР-Гранична полиција и од МФ-Царинска управа на РМ учествуваа на Регионален семинар за давање на одговор во случај на откриена радијација на границата, кој се одржа во Милочер, Црна Гора, а истиот беше во организација на програмата за контрола на извозот и гранична безбедност - EXBS на амбасадата на САД во Скопје и амбасадата на САД во Подгорица.

       На семинарот делегацијата од Македонија го презентираше националниот систем за одговор во случај на откриена радијација на границата, го сподели досегашното искуство во откривање на радијација и управувањето со случај на пронајден радиоактивен извор на граничните премини. Исто така делегацијата ги потенцираше научените лекции во изминатите години, предизвиците со кои се соочува како и потребите за идни проекти и активности со цел поефикасна и поефективна контрола на граничните премини за откривање на радијација и пронаоѓање на радиоактивнн извори.

Дирекцијата за радијациона сигурност во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија во периодот од 25 до 28 Ноември во Скопје организираше Национална работилница на тема ,, Јакнење на контролата на искористени затворени радиоактивни извори, од производство до нивно одлагање,,.

На работилницата земаа учество претставници од Царинската управа, Граничната полиција, Министерството за здравство, Министерството за животна средина и просторно планирање,Универзитетската клиника за радиологија и онкологија, Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина,  претставници од технички сервиси, правни лица кои во своето работење користат радиоактивни извори како и претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност.

Значајна улога на обуката имаа  предавачите од Меѓународната агенција за атомска енергија кои  своите предавања и искуство го пренесоа на учесниците на Националната работилница.

    Во периодот 27-31 октомври претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС), Горан Ангеловски, учествуваше на Mеѓународна конференција за сигурност и безбедност на радиоактивни извори која што се одржа во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

http://www-pub.iaea.org/iaeameetings/43047/International-Conference-on-Safety-and-Security-of-Radioactive-Sources

            На Конференцијата се дискутираше за Кодексот на МААЕ за Сигурност и безбедност на радиоактивни извори, за неговата 10-годишна примена како и за националните искуства од примената на овој Кодекс како и за примената на дополнителниот Упатство за увоз и извоз на радиоактивни извори донесен од страна на МААЕ врз основа на споменатиот Кодекс.

     На Конференијата беше презентиран труд од вработените во Дирекцијата за радијациона сигурност Горан Ангеловски и Трифче Сандев “Macedonian experience on radiation safety and nuclear security”, во кој беше претставено искуството на Република Македонија за примената на Кодексот за сигурност и безбедност на радиоктивни извори како и дополнителниот Упатство за увоз и извоз на радиоактивни извори.
              За оваа конференција Дирекцијата за радијациона сигурност поднесе Извештај за 10-годишната примена на двата документи на МААЕ (Кодексот и Упатството) со посебен осврт на напредокот остварен од Дирекцијата за радијациона сигурност и Република Македонија во последните 3 години во областа на заштита од јонизирачко зрачење, радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.
 

    Во периодот 21-24 октомври 2013 година преставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на координативниот состанок на проектот на МААЕ  за Зајакнување на контролата на радиоактивните извори во медитеранскиот регион од создавање до одлагање односно "Strengthening Cradle-to-grave control of radioactive sources in the Mediterranean Region", INT/9/176.

     
На состанокот беше презентиран напредокот во секоја земја поединечно како и претстојните планови и предизвици во рамките на овој проект. Република Македонија го изнесе предизвикот со кој се соочува и кој очекува да го разреши во рамките на овој проект: 1. Изработка на национална политика и стратегија за управување со радиоактивен отпад и 2. Кондиционирање на искористените радиоактивни извори во времените складишта во Република Македонија.

    На 20 и 21 ноември 2013 година Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше во вежба на МААЕ Convex 3 за тестирање на националните системи за координација и комуникација во случај на радијационен вонреден настан. Од Република Македонија покрај ДРС се вклучија и ЦУК. ДЗС, УХМР и ИЈЗ.

           Од спроведената вежба може да се заклучи дека комуникацијата и координацијата
на горенаведените институции во вежбата беше на задоволително ниво

    Во периодот 7-11 октомври 2013 година, Горан Ангеловски, помлад соработник за вонредни настани учествуваше на работилница за „Обучувачи за меѓународната скала за нуклеарни и радиолошки настани“ [Train-the-trainers workshop on the International Nuclear and Radiological Event Scale -INES]" во седиштето на МААЕ во Виена, Австрија.

     Меѓународната "INES" скала има 7 нивоа на настани кои имаат значење по сигурноста и всушност претставува начин односно алатка за помош при комуникација односно за точно пренесување и разбирање на пораки помеѓу техничката заедница, медиумите и населението за значењето и влијанието по сигурноста на некој радиолошки или нуклеарен настан. "INES" скалата е развиена во 1990 година од меѓународни експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија - МААЕ и од Агенцијата за нуклеарна енергија при Меѓународната организација за еконономска соработка и развој (OECD/NEA).“

Во периодот 1 – 5 јули 2013 година, во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС), Трифче Сандев, учествуваше на Меѓународната конференција за нуклеарна безбедност:

http://www-pub.iaea.org/iaeameetings/43046/International-Conference-on-Nuclear-Security-Enhancing-Global-Efforts

На конференцијата беше презентиран трудот на вработените во ДРС: Interfaces between security and safety in the Macedonian legislation and regulations”, Trifce Sandev and Goran Angelovski

http://www-pub.iaea.org/MTCD/Meetings/PDFplus/2013/cn203/cn203_Programme.pdf

Конференцијата се состоеше во министерска сесија на која голем број на министри и високи претставници од земјите членки на МААЕ се осврнаа на важноста за зајакнување на нуклеарната безбедност и борбата против нелегалната употреба и трговија со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и борбата против тероризмот. На конференцијата се донесе министерска декларација.

http://www-pub.iaea.org/MTCD/Meetings/PDFplus/2013/cn203/cn203MinisterialDeclaration.pdf

Исто така, беа одржани повеќе технички сесии на кои се разговараше на повеќе теми: безбедност на информации, поврзаност на нуклеарната безбедност и сигурност, воспоставување на национална инфраструктура за нуклеарна безбедност, зајакнување на нуклеарната безбедност, категоризација на закани и вршење проценки, безбедност на радиоактивни извори, обука, контрола на границите, закани од нелегална трговија. 

Оваа година во Абу Даби (27 – 31 октомври), на слична тема, ќе се одржи меѓународна конференција за сигурност и безбедност на радиоактивни извори.

http://www-pub.iaea.org/iaeameetings/43047/International-Conference-on-Safety-and-Security-of-Radioactive-Sources

За оваа конференција е поднесен национален извештај и е прифатен труд на вработени во ДРС: “Macedonian experience on radiation safety and nuclear security”, Goran Angelovski and Trifce Sandev за презентирање на истата.

Во периодот 31 јануари – 1 февруари 2013 година, во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена двајца претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС), Горан Ангеловски и Трифче Сандев, учествуваа на состанокот за распространување на најдобри пракси (Best Practices Dissemination Meeting).

На состанокот беа презентирани трите најдобрите пракси коишто беа наградени од МААЕ – Оддел за техничка соработка (IAEA Department of Technical Cooperation) на повикот којшто беше објавен во февруари 2012 година. Од 40 пријавени најдобри пракси од целиот свет (освен Африка), 8 беа наградени меѓу кои и предложената најдобра пракса на вработените во ДРС под наслов: “School for drafting regulations: Dynamic approach for drafting regulations”, Goran Angelovski, Emilija Petrova, Biljana Georgievska-Dimitrievski, Svetlana Petreska and Trifce Sandev и истата беше презентирана на состанокот како една од трите прво рангирани најдобри пракси.

Предложената пракса за школата за изработка на правилници за радијациона сигурност беше во рамките на проектот на МААЕ RER/9/096 Strengthening National Infrastructures for the Control of the Radiation Sources,  и истата се одржа во текот на мај 2010 година во МААЕ – Виена, на која учествуваа двајца претставници од ДРС. Освен од Република Македонија, имаше наградени од Аргентина, Кина, Јужна Кореја, Латвија и МААЕ.

 Подетални податоци во врска со процесот на пријавување и избирање за најдобри пракси може да се најдат на интернет страната на МААЕ: http://www.iaea.org/technicalcooperation/Pub/Best_Prac_Sel_Com.html

 Оваа година повторно ќе се изберат најдобрите пракси во рамки на проектите за техничка соработка на МААЕ.

СЕРТИФИКАТ

На седница на Владата на Република Македонија одржана на 14 јуни 2011 година, Владата на Република Македонија по предлог на Дирекцијата за радијациона сигурност го донесе Планот за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан во Република Македонија согласно член 25 став 1 од Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност („Службен весник на Република Македонија“, бр. 48/02, 135/07 и 53/11). Со овој план се уредува системот на подготвеност и одговор на радијационен вонреден настан во Република Македонија и истиот е објавен во Службен весник на Република Македонија број 84 од 24 јуни 2011 година.                                   преземи

                                                         

Вежбата Convex 2bсе одржува еднаш годишно организирана од страна на Конвенцијата за помош во случај на нуклеарни или радиолошки несреќи во соработка со (MAAE)- Меѓународната Агенција за Атомска Енергија, при што се овозможува брзо обезбедување на помош во случај на нуклеарна или радиолошка вонредна состојба со цел да се ублажат нејзините последици. Оваа година Вежбата се одржа на 30 и 31 јули насловена како ConvEx 2b-2012.

Целите на вежбата се да им се овозможи на земјите членки барање и обезбедување на помош по нуклеарна или радиолошка вонредна состојба.

Во вежбата беа вклучени хипотетички сценарија врз основа на соодветните категории на закани кои постојат во рамките на секоја држава, па оттука произлегува потребата на државата да побара помош.

Во вежбата учествуваа повеќе земји и како резултат на тоа беа одиграни повеќе сценарија во текот на вежбата. Истата се одржуваше во нормално работно време, Дирекцијата за радијациона сигурност добиваше информации во врска со сценаријата на вежбата и одговараше на испратените информации.

Вежбата ConvEx 2bе подготовка на тоа како државите членки би реагирале во случај на вистински инцидент или вонредна состојба.

Оваа година започна едногодишниот билатерален проект помеѓу Република Македонија, претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност, и Кралството Белгија, претставено со Белгискиот центар за нуклеарни истражувања, насловен како „Дози на екстремитети и очни леќи на работно изложени лица во Република Македонија“.

На ден 24.04.2012 година во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се одржа почетен состанок во рамките на проектот и се посетија Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина во Скопје, Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје и Институтот за јавно здравје во Скопје, коишто исто така се вклучени во проектот.

Целта на проектот е да се испитаат дозите на екстремитетите и очните леќи на работно изложените лица во Република Македонија. Во почетокот на јуни од Белгискиот центар за нуклеарни истражувања испратени се прстен дозиметри и дозиметри за очите коишто ќе се менуваат месечно во определен временски период и ќе се анализира изложеноста на јонизирачко зрачење на рацете и очните леќи.

Ова е уште еден проект којшто е резултат на добрата соработка на Дирекцијата за радијациона сигурност и стручните институции од Белгија во полето на заштитата од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, финансиран од Министерството за економија на Кралството Белгија.

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik