Во периодот од 15 до 19 јуни 2015 година, двајца претставници од Република Македонија од кои еден од Дирекцијата за радијациона сигурност д-р Трифче Сандев, учествуваа на регионална работилница за методологија за изработка на проценка на сигурност за складишта и одлагалишта на радиоактивен отпад, која што се одржа во Краснојарск, Руска Федерација.
На 16 Септември 2015 година, двајца преставници од Дирекцијата за радијациона сигурностБилјана Атанасовска и Кабир Асани, учествуваа на 59-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, Австрија.
Во рамките на билатералниот проект помеѓу Република Македонија, претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност и Кралството Белгија, претставено со Националниот институт за радиоелементи во Флеурус, финансиран од Министерството за економија на Кралството Белгија