Што претставува јонизирачкото зрачење: Краток вовед

Почитувани,

на следниот линк можете да најдете корисни информации поврзани со јонизирачкото зрачење, изворите на јонизирачко зрачење, заштитни материјали коишто се користат, основните принципи за радијациона заштита, биолошките ефекти на јонизирачкото зрачење, примената на изворите на јонизирачко зрачење и споредбата на ризици.

Jонизирачкото зрачење: Краток вовед

Работна посета на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Агенцијата за заштита на природата и животната средина

Во февруари 2018 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност, предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ, учествуваше во работна посета на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Агенцијата за заштита на природата и животната средина, којашто е регулаторното тело во Црна Гора од областа на заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност.

Работна посета на регулаторното тело на Косово

На 14 декември 2017 година делегација на Дирекцијата за радијациона сигурност предводена од директорот г-дин Светислав Ѓорѓевиќ учествуваше во работна посета на регулаторното тело на Косово, Агенција за радијациона заштита и нуклеарна сигурност со цел воспоставување на билатералната соработка преку потпишување на Меморандум за разбирање.

Прва мисија за интегриран систем за регулаторна проценка (ИРРС) за Република Македонија

Во периодот 29 октомври - 07 ноември 2017 година во Република Македонија се одржа првата мисија за интегриран систем за регулаторна проценка (ИРРС) за  Република Македонија.

IMG 0111

Работилница за оптимизација на медицинска изложеност (Workshop on optimisation of medical exposure)

Во периодот 16-18 октомври 2017 година Дирекцијата за радијациона сигурност организира работилница за оптимизација на медицинска изложеност, во рамките на проектот на Европската комисија EuropeAid/136376/DH/SER/Multi/2,

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225