Работна посета на Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна сигурност на Република Србија

На ден 12 јули 2018 година, директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност г-дин Светислав Ѓорѓевиќ беше во работна посета на Агенцијата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна сигурност на Република Србија.

Семинари на тема „Управување со радиоактивен отпад во нуклеарна медицина и терапија со радиоактивен јод“ и „Мониторинг на отпаден метал“

На 4 и 5 јули 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржаа семинари од предавачи од Универзитетот во Лиеж – Белгија и Институтот за радиоелементи во Флеурус – Белгија, на тема „Управување со радиоактивен отпад во нуклеарна медицина и терапија со радиоактивен јод“ и „Мониторинг на отпаден метал“. Семинарите се организираа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност во рамки на билатералната соработка на Република Македонија и Кралството Белгија и истите се финансирани од Министерството за економија на Кралството Белгија.

Донација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS)

На ден 06.06.2018 година Дирекцијата за радијациона сигурност прими донација од  Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република  Македонија преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS),  која се состои од лаптоп комјутери и систем за озвучување.

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово

Во 6 јуни 2018 година во просториите на Дирекцијата за радијациона сигурност се потпиша Меморандум за разбирање помеѓу  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово за соработка во полето на радијационата заштита и нуклеарна безбедност. Меморандумот беше потпишан помеѓу директорот на  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија г-дин Светислав Ѓорѓевиќ и директорот на Агенцијата за радијациона заштита и нуклеарна сигурност на Република Косово г-дин Беќир Мезелџиу (Beqir Mezelxhiu), во присуство на претставници од Амбасадaта на САД во Република Македонија г-дин Џорџ Кларк  (George Clarke)  и г-ѓа Фросина Ивановска.

Завршен состанок во рамките на ИПА проектот „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.

Во периодот 24-25 мај 2018 година во Брисел, Белгија се одржа завршен состанок во рамките на ИПА проектот  „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“.

6-ти состанок за прегледување на извештаите по Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад

На 23 мај 2018 година во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена, делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија во состав Светислав Ѓорѓевиќ – директор на Дирекцијата за радијациона сигурност, Трифче Сандев и Горан Трајков, учествуваа на 6-тиот состанок за прегледување на Извештаите на земјите пристапнички на Заедничката конвенција за сигурност при управување со искористено нуклеарно гориво и сигурност при управување со радиоактивен отпад.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225