Надлежности

Надлежности

Дирекцијата ги врши следниве работи:

  • ја води постапката на пријавување, издавање на дозвола и контрола на изворите на јонизирачкото зрачење, во согласност со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;
  • издава и одзема дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење;
  • ги утврдува изложувањата кои се исклучени со општ акт донесен врз основа на овој закон и изземањата на изворите на јонизирачкото зрачење со ниска активност пропишана со општ акт донесен врз основа на овој закон;
  • води Национален регистар на изворите на јонизирачкото зрачење и на професионално изложени лица, како и регистар за нуклеарен материјал;
  • врши надзор над стручната работа на правните лица кои работат со извори на јонизирачкото зрачење преку овластена стручна институција;
  • соработува со други органи на управата и институции во врска со работите што се во надлежност на Дирекцијата;
  • се грижи за обука на одговорни лица за радијациона заштита и на лицата кои работат со извори на јонизирачко зрачење;
  • иницира истражување во областа на заштитата од јонизирачко зрачење, на радијациона сигурност и нуклеарна безбедност;
  • ја утврдува висината на трошоците за издавање на дозволи и лиценци;
  • води евиденција и контрола на вкупниот нуклеарен материјал во Република Македонија;
  • изработува План за заштита на населението во случај на радијационен вонреден настан во Република Северна Македонија;
  • планира и спроведува меѓународна соработка во областа  на јонизирачкото зрачење;
  • врши инспекциски надзор

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225