Од 26-30 Септември 2016 година амбасадорот на Република Македонија неговата Екселенција Кире Илиоски заедно со членовите на Перманентната мисија во Виена и делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на 60-та Генерална конференција во Меѓународната агенција за атомска енергија која се одржа во Виена, Австрија.
Во периодот 5-9 декември 2016 година, Горан Ангеловски, претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност ќе учествува на Меѓународна конференција за нуклеарна безбедност
Во периодот 21-25 ноември 2016 година, д-р Трифче Сандев, претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност ќе учествува на Меѓународна конференција за сигурност при управување со радиоактивен отпад(International Conference on the Safety of Radioactive Waste Management) на која ќе биде претставена постер презентација на тема:"Improvement of the radioactive waste management regulations in the Republic of Macedonia: Good practice within IAEA supported projects", автори: Т.Сандев, Г.Ангеловски, Г.Трајков и Н.Шахин.
Во периодот 30 март – 2 април 2015 година двајца претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС) учествуваа на работен состанок за ревизија на документ на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)
Нуклеарна безбедност:
Дирекцијата за радијациона сигурност, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност има надлежност и за нуклеарната безбедност. Надлежност и своја улога во нуклеарната безбедност, покрај Дирекцијата, имаат и други институциикако што се Министерството за внатрешни работи (пр. Гранична полиција, Управа за безбедност и контраразнување), Царинската управа на РМ, Министерство за одбрана, кои исто така имаат своја улога.
Во соработка со МААЕ, во рамките на МВР се формираше Работна група за изработка на Интегриран план за подршка на нуклеарната безбедност (Integrated Nuclear Security Support Plan – INSSP). Носител на активноста за координирање на работната група е МВР, додека ДРС има значителна улога во подготвувањето и имплементацијата на активностите кои ќе произлезат од планот.
Интегрираниот план за подршка на нуклеарната безбедност е во нацрт верзија и треба да биде донесен од Владата на Република Македонија. Активностите за реализација за планот се содржани во Акционен план и првите активности за реализација се предвидени во 2016 година, и покрај тоа што планот е сеуште во нацрт форма.
Во Интегриран план за подршка на нуклеарната безбедност се содржани надлежностите на сите национални институции и нивната улога во нуклеарната безбедност во Република Македонија.
На 12 и 13 мај 2015 година делегација од Република Македонија во состав од Горан Ангеловски, Емилија Петрова и Трифче Сандев