На ден 15 мај 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија. На обуката присуствуваа претставници на Царинската управа од сите регионални центри и истата ја спроведоа 5 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.
На ден 30 април 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Граничната полиција на Република Македонија. На обуката присуствуваа 19 претставници на Граничната полиција од сите регионални центри и истата ја спроведоа 6 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.
На 15 март 2018 година, претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, учествуваа во емисијата 24 анализа, во живо со Менче Точи, на телевизијата 24 вести.
Тема на дискусијата беше прашањето околу радиоктивниот извор Co-60 на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и можностите за негово извезување од државата. Беа опфатени и теми за радиоактивниот отпад во Македонија, времените складишта како и потребата од воспоставување на национален склад за радиоактивен отпад.
http://24vesti.mk/24-analiza-ima-li-opasnost-od-radijacija-kako-i-koga-kje-se-iznese-od-drzhavata
На следниот линк можете на најдете корисни информации за осирамошен ураниум, неговата употреба, сличности и разлики од природниот ураниум како и линкови за повеќе информации.
На 03 април 2018 година, на граничниот премин Табановце, се одржа вежба организирана од Дирекцијата за радијациона сигурност, во соработка со Граничната полиција и Царинската управа на РМ и Националниот координативен центар за гранично управување, а подржана од амбасадата на САД во РМ. Целта на вежбата беше да се тестираат стандардните оперативни процедури опишани во Упатството за постапување при детектирање на зголемено ниво на јонизирачко зрачење на граничните премини во Република Македонија, (бр.14-264/4, од 08.11.2016).
Дирекцијата за радијациона сигурност од 2015 година учествува во спроведувањето на ИПА проектот „Понатамошно зајакнување на техничкиот капацитет на нуклеарните регулаторни тела во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово“ кој започна на 01 јули 2015 година кој е предвидено да трае 36 месеци, односно да заврши во 2018 година.