Новости

Учество на 60-та Генерална конференција во Меѓународната агенција за атомска енергија

Од 26-30 Септември 2016 година амбасадорот на Република Македонија неговата Екселенција Кире Илиоски заедно со членовите на Перманентната мисија во Виена и делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност  земаа учество  на  60-та  Генерална конференција  во Меѓународната агенција за атомска енергија која се одржа во Виена, Австрија.

На конференцијата Амбасадорот неговата Екселенција Кире Илиоски одржа говор во кој ја  истакна успешната соработката на Република Македонија, нејзините институции со Меѓународната Агенција за Атомска Енергија и остварените резултати.
На маргините на конференцијата се одржаа неколку состаноци со соодветни делегации и претставници во разни сектори  на Меѓународната агенција за атомска енергија и се зацртаа термини за следните активности во наредната година.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225