Во периодот од 19 до 23 март 2017 година во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, еден претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на состанокот за имплементирање на политики и стратегии за управување со радиоактивен отпад и искористени радиоактивни извори. Состанокот беше организиран во рамките на проектот „INT9182 “Sustaining Cradle-to-Grave Control of Radioactive Sources” во којшто учествува и Република Македонија.
Новости
Од 13 до 17 Март 2017 год., претставник на Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на работилница која се одржа во Софија, Р. Бугарија “ Фидбек од регулаторните искуства од аспект на надзор на човечки и организациски фактори“ во рамките на проектот RER9/139 – ‘Strengthening the Inspection Capabilities and Programmes of the Regulatory Authorities (Phase II).
Од 13-17 Март 2017 година претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваше на работилница која се одржа во Виена, Австрија во рамките на проектот INT 9182 за имплементирање и зајакнување на нациоаналните капацитети за контрола на радиоактивни извори и искористени затворени извори од нивно производство до нивно одлагање
Од 1-4 Ноември во соработка со Pacific Northwest National Laboratory , National Nuclear Security Administration, US Department of Energy во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа работилница со наслов ,, Изработка на план за нуклеарна безбедност,,.
Од 26-30 Септември 2016 година амбасадорот на Република Македонија неговата Екселенција Кире Илиоски заедно со членовите на Перманентната мисија во Виена и делегација од Дирекцијата за радијациона сигурност земаа учество на 60-та Генерална конференција во Меѓународната агенција за атомска енергија која се одржа во Виена, Австрија.
Во периодот 5-9 декември 2016 година, Горан Ангеловски, претставник од Дирекцијата за радијациона сигурност ќе учествува на Меѓународна конференција за нуклеарна безбедност
Дирекција за радијациона сигурност
Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.
Контакт
Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија
е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032
Дежурен телефон
Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност: