Новости

Дислоциран изворот на јонизирачко зрачење од I категорија

На 01.03.2019 година, Дирекцијата за радијациона сигурност успеа со помош на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го извезе односно дислоцира од нашата држава во Унгарија, радиоактивниот извор на јонизирачко зрачење од I категорија Co- 60, кој од 2012 година беше складиран на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија во Клиничкиот центар Скопје.

Со оваа активност државата повеќе не поседува  извори од овој тип со што е зголемено нивото на заштита од изложеност на јонизирачко зрачење на населението, работно изложените лица и животната средина.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225