Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија учествуваа на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) која се одржа во периодот од 25 до 29 септември 2023 година во седиштето на МААЕ во Виена, Австрија.
На Генералната конференција присуствуваат претставници од државите членки на МААЕ и истата се одржува на редовни годишни интервали со цел разгледување и одобрување на буџетот на МААЕ и донесување на одлуки во однос на останати прашања кои се покренати од страна на Бордот на директори, директорот на МААЕ или државите членки.
Врз основа на назначувањето од страна на Бордот на директори, г-дин Рафаел Мариано Гроси на конференцијата повторно е избран за директор на МААЕ со мандат до 2 декември 2027 година.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25