Програми:
1. Контрола на изворите на јонизирачкото зрачење
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Намалување на нивото на изложеност на населението на штетното влијание на јонизирачко зрачење
Резултат2: Намалена емисија на неконтролирано зрачење
Резултат3: Подобрен квалитет на водата, воздухот, земјиштето и храната
Резултат4: Зголемено ниво на едукација кај населението во однос на јонизирачкото зрачење
2. Управување и надзор со радиоактивен отпад
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Безбедно складиран ниско и средноактивен радиоактивен отпад од дисперзираните и времени складови во еден централен склад
Резултат2: Спречување на неовластена употреба на изворите на јонизирачко зрачење
Резултат3: Зголемена контрола и увид над радиоактивниот отпад
3. Контрола на недозволената трговија
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата:
Резултат1: Воспоставен национален систем на контрола за спречување на недозволената трговија со извори на јонизирачко зрачење и радиоактивен отпад
Резултат2: Зголемена контрола на недозволената трговија со извори на јонизирачко зрачењеи радиоактивен отпад
Резултат3: Подобрена соработка со земјите од регионот и ЕУ
Цели:
1. Унапредување на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење
· Зачестени контроли
· Зголемен број на извршени инспекциски увиди
· Давање на совети и предлагање на мерки за да се намали ризикот од изложеност на јонизирачко зрачење
· Зајакната контрола при издавањето на дозволи;
· Зголемување на бројот на мерењата на присуство на радионуклеидите во воздухот, водата, почвата и храната
· Воспоставување на поголем број мерни станици и лаборатории
2. Континуирано подобрување на управување и надзорот со радиоактивниот отпад
· Изградба на склад на ниско и средноактивен радиоактивен отпад
· Набавка на возило и опрема за транспорт и складирање на радиоактивен отпад
· Обука на кадар за управување и складирање на радиоактивен отпад
3. Зајакнување на контролата на недозволената трговија со радиоактивни материјали
· Набавка на инструменти за мерење на нивото на радиоактивност
· Обука на персоналот за ракување со мерните инструменти
· Канализиран систем на размена на информации меѓу надлежните институции во Република Македонија и соодветните меѓународни институции
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25