Во периодот 29 октомври - 07 ноември 2017 година во Република Македонија се одржа првата мисија за интегриран систем за регулаторна проценка (ИРРС) за  Република Македонија.
https://www.iaea.org/newscenter/pressreleases/iaea-mission-says-regulatory-body-in-former-yugoslav-republic-of-macedonia-is-committed-to-safety
Тим од експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврди дека регулаторното тело во Република Македонија надлежно за радијациона сигурност е компетентно и посветено за унапредување на сигурноста. Тимот исто така забележа области за понатамошно унапредување.
Тимот на Интегрираниот систем за регулаторна проценка спроведе деветдневна мисија за проверка на регулаторната рамка за нуклеарна и радијациона сигурност во Република Македонија. Мисијата беше спроведена на барање на Владата на Република Македонија и домаќин на истата беше Дирекцијата за радијациона сигурност (ДРС), којашто е одговорна за регулаторна контрола во земјата.
„Регулаторната рамка и националните аранжмани за управување со радиоактивен отпад мора да се зајакне за осигурување на сигурноста при управувањето на радиоактивниот отпад, вклучувајќи ги и искористените радиоактивни извори“ истакна тим лидерот Мика Марканен, главен советник во регулаторното тело за радијациона и нуклеарна сигурност во Финска.
ИРРС мисиите имаат цел зајакнување на ефективноста на националната регулаторна инфраструктура за нуклеарна и радијациона сигурност, а во исто време се препознава одговорноста на секоја држава за обезбедување на сигурноста.
Република Македонија користи радиоактивни извори во медицината и индустријата, меѓутоа нема нуклеарни централи, ниту истражувачки реактори.
ИРРС мисијата беше наменета за преглед на: одговорностите и функциите на Владата во релевантната област; глобалниот нуклеарен режим за сигурност; активностите на Дирекцијата за радијациона сигурност вклучувајќи издавање на дозволи; преглед и проценка; инспекција и спроведување на законите; изготвување на правилници и упатства; подготвеност и одговор во случај на радијационен вонреден настан; транспорт; контрола на медицинска изложеност; радијациона заштита на професионално изложени лица; мониторинг на животната средина и ремедијација, како и поврзаноста на нуклеарната сигурност и безбедност.
Тимот на експерти достави препораки и предлози до Владата и до Дирекцијата со цел обезбедување на помош во понатамошното зајакнување на законодавната и регулаторната рамка во согласност со стандардите на МААЕ.
Тимот на експерти препозна дека ДРС е посветена на подобрувањето на сигурноста и заштитата на наслението и животната средина. Исто така утврди дека регулаторното тело се соочува со предизвици, на пример, во регулирањето на искористените радиоактивни извори до воспоставувањето и спроведувањето на национална стратегија за декомисија и управување со радиоактивен отпад.
ИРРС експертскиот тим се состоеше од 13 члена, искусни експерти од Аргентина, Канада, Куба, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Молдавија, Португалија и Словенија, како и три претставници на МААЕ.
Директорот на Дирекцијата  за радијациона сигурност, г-дин Светислав Ѓорѓевиќ, изјави дека препораките и забелешките на ИРРС мисијата ќе и помогнат на Република Македонија во зајакнувањето на националната законодавна и регулаторна рамка за радијациона и нуклеарна сигурност и безбедност во согласност со меѓународните стандарди.
Во текот на мисијата, членовите на тимот ги набљудуваше регулаторните активности и спроведе интервјуа и дискусии со претставници од Владата и министерствата, како и со менаџментот на ДРС и вработените. Тие исто така извршија посета на јавна болница, две приватни компании, Институтот за јавно здравје и Центарот за управување со кризи.
Тимот утврди добра практика во однос на електронскиот систем кој заеднички се користи од страна на ДРС и Царинската Управа за издавање на дозволи за увоз и извоз на радиоактивни материјали преку кој значително се зајакнува препознавањето на регулаторот и се промовира ефективната соработка помеѓу двете тела.
Мисијата обезбеди препораки за подобрување, вклучувајќи:
•    Владата и ДРС е потребно да извршат преглед и ревидирање на законодавната и регулаторната рамка со цел обезбедување на усогласеност со стандардите за сигурност на МААЕ.
•    Владата е потребно да воспостави и спроведе национална политика и стратегија за управување со радиоактивен отпад.
•    Владата е потребно да обезбеди доволно ресурси на ДРС во насока на соодветно спроведување на функциите и одговорностите на ДРС.
•    ДРС е потребно да воспостави и имплементира интегриран систем за управување.
Конечниот извештај ќе биде доставен до Владата на Република Македонија во период околу 3 месеци.

 IMG 0111

Duty Phone

Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik