Национална вежба со користење на системот (J)RODOS-(Java version) of Real-time On-line Decision Support system

Дирекцијата за радијациона сигурност заедно со уште шест земји (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово) e дел од проектот “Подготвеност и одговор при вонредни настани во регионот на Западен Балкан”, кој има за цел да придонесе во подобрување на одговор при нуклеарни и радијациони вонредни настани со користење на софтвер JRODOS.

JRODOS, е систем развиен на Технолошкиот институт во Карлсруе, Германија и се користи за симулирање на движењето на радиоактивни материјали во околината и за пресметување на дозите што ги прима населението при нуклеарна несреќа. JRODOS има исклучително важна улога во изградбата на систем за заштита и спасување, односно зајакнување на подготвеноста и одговор при последици од нуклеарна несреќа.

Во периодот од 1-3 Ноември 2022 во Скопје се одржа национална вежба со користење на овој систем. Покрај претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност активно учество земаа и Институтот за јавно здравје, Центарот за управување со кризи,Дирекција за заштита и спасување, Министерство за животна средина и просторно планирање, и Управата за хидрометеоролошки работи

 jrodos 01

jrodos 02

Duty Phone

Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25

Радиоактивност во воздухот во РСМ
Онлајн мониторинг мерења

Радиоактивност во воздухот во РСМ Онлајн мониторинг мерења


Дома си е дома

Вевчани, Струга, Охрид

ohrid


Берово, Пехчево

berovo


Шар Планина, Тетово, Гостивар

tetovo


Смоларски, Гевгелија, Дојран

dojran


Галичник, Маврово

galicnik