На 03 април 2018 година, на граничниот премин Табановце, се одржа вежба организирана од Дирекцијата за радијациона сигурност, во соработка со Граничната полиција и Царинската управа на РМ и Националниот координативен центар за гранично управување, а подржана од амбасадата на САД во РМ. Целта на вежбата беше да се тестираат стандардните оперативни процедури опишани во Упатството за постапување при детектирање на зголемено ниво на јонизирачко зрачење на граничните премини во Република Македонија, (бр.14-264/4, од 08.11.2016).
Вежбата беше ненајавана за граничните службеници, додека беше најавена за централата на двете институции.
Од инстутиции и лица кои беа инволвирани во вежбата, беше истакнато дека вежбата беше успешно спроведена и изведена при што се запазени процедурите за детекција, одговор и начин на информирање согласно СОП-от. Сите институции се согласни дека иста или слична ваква ненајавена вежба треба да се спроведе и на други гранични премини.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25