Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, Билјана Георгиевска-Димитриевски, советник за правни работи и меѓународна соработка и Горан Трајков, инспектор за радијациона сигурност беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 15, „Енергетика“, дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, кои се одржаа во периодот 14-15 септември 2023 година во Брисел, Белгија.
Делегацијата ја сочинуваа претставници од Министерството за економија, А.Д. МЕПСО, Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Дирекцијата за радијациона сигурност, ДКСК и претставници од Секретаријат за европски прашања.
На состанокот од страна на претставниците на Дирекцијата за радијациона сигурност беше презентирана усогласеноста на законодавството на Република Северна Македонија во однос на директивите и регулативите за подрачјето на нуклеарна енергија заедно со планираните идни чекори во областите каде е потребно дополнително усогласување.
Duty Phone
Phone number of Radiation Safety directorate for emergency events and for reporting clinics operating without a license issued by Radiation Safety directorate.
075 / 25 - 42 - 25