Учество на настани

INT9176 - Јакнење на капацитетите за контрола на искористени радиоактивни извори

Во рамките на Интеррегионалниот проект INT9176 „За јакнење на капацитетите за контрола на искористени радиоактивни извори од нивното производство до нивното одлагање“

Во рамките на Интеррегионалниот проект INT9176 „За јакнење на капацитетите за контрола на искористени радиоактивни извори од нивното производство до нивното одлагање“, од 16-20 февруари 2015 година се одржа тренинг курс во Тунис на тема „Interregional Training Course on Technical Requirements to Fulfil National Obligations in Terms of International Legal Instruments (Joint Convention, Code of Conduct and EU Directives) for the Safe Management of DSRS“. На тренинг курсот беа присутни преставници од земјите од Медитеранот на кој имаше и преставник од Република Македонија.

Преставникот имаше свое излагање каде беше презентирана моменталната состојба во Р.Македонија и примената на Европските безбедносни стандарди и Директиви во управувањето со искористени затворени радиоактивни извори.

 

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225