Новости

Учество на ДРС на состанок на МААЕ за безбедност и сигурност на радиоактивни извори

Во периодот од 6 до 10 јули 2026 година, претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност учествуваа на Open-ended Meeting of Technical and Legal Experts to Share Information on States' Implementation of the Code of Conduct on the Safety and Security of Radioactive Sources and its Supplementary Guidance, организиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Целта на состанокот беше размена на информации и искуства во однос на националната имплементација на Кодексот на однесување за безбедност и сигурност на радиоактивните извори и дополнителното Упатство, со акцент на безбедното и сигурно управување со радиоактивните извори од категорија 1, 2 и 3 во текот на нивниот целокупен животен циклус.
За време на состанокот беа презентирани национални искуства, добри практики и предизвици во воспоставувањето и одржувањето на ефективна регулаторна контрола на радиоактивните извори, како и можностите за понатамошно унапредување на меѓународната соработка и размената на информации меѓу државите.
Учеството на Дирекцијата за радијациона сигурност на овој настан претставува значаен придонес кон понатамошното јакнење на националниот регулаторен систем и континуираното усогласување со меѓународните стандарди и препораки на МААЕ во областа на радијационата сигурност и безбедност.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225