Соопштение во врска со вонредниот настан на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија
Ја информираме јавноста дека Дирекцијата за радијациона сигурност, во текот на вчерашниот ден, доби известување од одговорното лице за радијациона сигурност при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија дека во просториите каде што се сместени линеарните акцелератори дошло до излевање вода од системот за одвод на клиниката, при што биле поплавени делови од просториите.
Во исто време, вода се појавила и од системот за одвод во просторијата во која престојуваат пациенти третирани со јод-131. Во моментот на настанот во просторијата престојувале двајца пациенти кои истиот ден примиле терапија со јодни капсули. Согласно процедурите на Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и меѓународните стандарди и препораки, пациентите кои примаат терапија со јод-131 треба да престојуваат во изолација два дена.
Поради создадените услови, кои не овозможуваа безбеден престој на пациентките во просторијата, беше одржан итен состанок помеѓу претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност, Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. На состанокот беше донесена одлука, согласно важечките процедури за постапување во вонредни ситуации, пациентките веднаш да бидат преместени во друга соодветна просторија во рамките на клиниката.
Преместувањето беше реализирано согласно стандардните оперативни процедури, со цел да се обезбеди целосна сигурност за пациентите, здравствениот персонал, останатите пациенти и населението, како и да се спречи какво било негативно влијание врз животната средина.
По настанот беа извршени мерења на брзината на амбиенталниот дозен еквивалент во околните простории. Врз основа на добиените резултати беше констатирано дека една просторија треба привремено да се стави надвор од употреба, додека измерените вредности во останатите простории, како и во просторијата на првиот кат, се во рамките на дозволените граници за населението.
Просторот пред просторијата беше соодветно обезбеден, кордониран и означен со знак за забранет пристап за неовластени лица.
Дополнително беа извршени мерења во поплавените простории, при што беше утврдено дека брзината на дозата е во рамките на природниот радијациски фон. Со тоа е констатирано дека не постои радиоактивна контаминација, освен во просторијата во која престојувале пациентките третирани со јод-131, која, согласно протоколите, беше затворена и запечатена од инспекторите на Дирекцијата за радијациона сигурност до нејзиното целосно деконтаминирање.
Во текот на денешниот ден инспектори од Дирекцијата за радијациона сигурност, заедно со претставници на Институтот за јавно здравје, извршија повторни мерења и земаа брисеви од површините во просториите кои вчера беа поплавени. Резултатите потврдија дека не постои радиоактивна контаминација.