Новости

Соопштение - Сандански

На покана на Агенцијата за нуклеарна енергија на Република Бугарија во периодот од 23 до 25 септември во Сандански, Република Бугарија се одржа состанок помеѓу делегациите на регулаторните тела за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност од Бугарија, Кипар, Грција и Северна Македонија. Македонската делегација беше предводена од директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, г-дин Зоран Бајовски. Состанокот беше прв од овој вид и целта на истиот беше размена на искуства и добри практики помеѓу регулаторните тела, зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу соседните држави во областа на радијационата сигурност и нуклеарна безбедност, како и воспоставување на поактивни работни односи.

За време на дискусиите беа разменети искуства, добри практики и идеи во насока на идна соработка во областите на хармонизација на националните законодавства со законодавството на ЕУ; спроведување на инспекциски надзори; управување со радиоактивен отпад; контрола на граничните премини во однос на нелегална трговија со радиоактивни материјали и комуникација; подготвеност и одговор во случај на радијационен вонреден настан.

Иницијативата беше поздравена од страна на сите делегации во однос на значителниот придонес на истата во воспоставување и одржување на мрежа на соработка во регионот и постигнување на заедничката цел на регулаторните тела за воспоставување и одржување на високи стандарди на заштита на населението и животната средина.

 

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225