Новости

Посета на претставници од Националниот институт за радиоелементи во Флеурус

Во рамките на билатералниот проект помеѓу Република Македонија, претставена со Дирекцијата за радијациона сигурност и Кралството Белгија, претставено со Националниот институт за радиоелементи во Флеурус, финансиран од Министерството за економија на Кралството Белгија, во периодот од 2 – 4 ноември 2015 година, беше остварена посета на претставници од Националниот институт за радиоелементи во Флеурус. Целта на посетата беше асистирање на Дирекцијата за радијациона сигурност за надградување на постоечката регулатива за циклотрон за производство на радионуклиди и ПЕТ/КТ објекти (подготовка на одредби во согласност со документите на ЕУ кои недостасуваат во националната регулатива, упатства за управување на такви објекти и сл.), како и инсталирање на GPRS комуникација на двете проби за мониторинг на зрачење, кои во рамки на претходни билатерални проекти беа поставени на Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина, Медицински факултет – Скопје. За време на посетата се разговараше и за продолжување на билатералната соработка со Кралството Белгија во наредните години. Целта на посетата беше асистирање на Дирекцијата за радијациона сигурност за надградување на постоечката регулатива за циклотрон за производство на радионуклиди и ПЕТ/КТ објекти (подготовка на одредби во согласност со документите на ЕУ кои недостасуваат во националната регулатива, упатства за управување на такви објекти и сл.), како и инсталирање на GPRS комуникација на двете проби за мониторинг на зрачење, кои во рамки на претходни билатерални проекти беа поставени на Институтот за патолошка физиологија и нуклеарна медицина, Медицински факултет – Скопје. За време на посетата се разговараше и за продолжување на билатералната соработка со Кралството Белгија во наредните години.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225