Новости

Oбука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија

На ден 15 мај 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија. На обуката присуствуваа претставници на Царинската управа од сите регионални центри и истата ја спроведоа 5 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.

На ден 15 мај 2018 година, во просториите за обука за радијациона заштита и сигурност на Дирекцијата за радијациона сигурност, се одржа обука за припадниците на Царинската управа на Република Македонија. На обуката присуствуваа претставници на Царинската управа од сите регионални центри и истата ја спроведоа 5 предавачи од Дирекцијата за радијациона сигурност.

На обуката беа опфатени следните теми:
- Надлежности и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност
- Дозволи за вршење на дејност со извори на јонизирачко зрачење
- Јонизирачко зрачење, категоризација на радиоактивни извори, основни принципи на радијациона заштита
- Опасност од јонизирачко зрачење
- Извори на јонизирачко зрачење во Република Македонија
- Радијациони единици, детекција на јонизирачко зрачење, инструменти
- Одговор на настани на граничните премини и улога на Дирекцијата за радијациона сигурност, Царинската управа и Граничната полиција (Меморандум за соработка, План за радијациони вонредни настани)

На крајот беше спроведена вежба за детекција на радиоактивни извори, мерење на интензитет на јонизирачко зрачење, како и за идентификација на радионуклиди.

Оваа обука е во рамките на добрата соработка помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност и Царинската управа на Република Македонија и ќе помогне за уште поуспешна соработка меѓу двете институции во иднина. Обуката исто така е од големо значење за зајакнување на капацитетите во заедничкото справување со радијационите вонредни настани на граничните премини, како и во заедничката борба со недозволената трговија на радиоактивен и нуклеарен материјал во Република Македонија.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225