Новости

Нуклеарна безбедност

Нуклеарна безбедност:

Дирекцијата за радијациона сигурност, согласно Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност има надлежност и за нуклеарната безбедност. Надлежност и своја улога во нуклеарната безбедност, покрај Дирекцијата, имаат и  други институциикако што се Министерството за внатрешни работи (пр. Гранична полиција, Управа за безбедност и контраразнување), Царинската управа на РМ, Министерство за одбрана, кои исто така имаат своја улога.

Во соработка со МААЕ, во рамките на МВР се формираше Работна група за изработка на Интегриран план за подршка на нуклеарната безбедност (Integrated Nuclear Security Support Plan – INSSP). Носител на активноста за координирање на работната група е МВР, додека ДРС има значителна улога во подготвувањето и имплементацијата на активностите кои ќе произлезат од планот.

Интегрираниот план за подршка на нуклеарната безбедност е во нацрт верзија и треба да биде донесен од Владата на Република Македонија. Активностите за реализација за планот се содржани во Акционен план и првите активности за реализација се предвидени во 2016 година, и покрај тоа што планот е сеуште во нацрт форма.

Во Интегриран план за подршка на нуклеарната безбедност се содржани надлежностите на сите национални институции и нивната улога во нуклеарната безбедност во Република Македонија.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225