ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕРЕЊЕ НА АМБИЕНТАЛЕН ДОЗЕН ЕКВИВАЛЕНТ
На 13. 09. 2025 година инспектор од Дирекцијата за радијациона сигурност изврши мерење на амбиенталниот дозен еквиваленткако во затворените објекти, кои служат за складирање на електронски отпад така и во непосредната околина зафатена со пожар кој сеуште беше активен.
Мерењата беа извршени со инструмент за детекција и идентификација на радионуклиди:
FLEER IDENTIFINDER,
Согласно процедурите мерењета беа извршени по следниот редослед
- Мерење на бекграунд на одредено растојание од местото на настанот
- Мерење на амбиентален дозен еквивалент на местото на настанот,
Мерењата покажаа дека нема никакво зголемување на амбиенталниот дозен еквивалент во објектите на складот и нивната поблиска околина во однос на бекграундот.
Измерените вредности на амбиенталниот дозен еквивалент се движеа од 30 до 50 nSv/h.
Дирекцијата за радијациона сигурност одговорно потврдува дека не постои никаква опасност од радијација на местото каде е запалениот склад за електронски отпад.
| Скопје | инспектор за радијациона сигурност |
| 14.09.2025 | Гордана Николова |