Новости

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДРС и ДЗС

 
На 9.6.2026 година, Дирекцијата за Радијациона сигурност потпиша Меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на Дирекцијата за Радијациона сигурност, Дејан Богојевски, и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заедничката заложба за унапредување на меѓуинституционалната соработка и воспоставување стратешко партнерство во областа на заштитата и спасувањето, со посебен акцент на радијационите вонредни настани.
Целта на овој Меморандум е унапредување на меѓуинституционалната соработка, координација и користење на расположливите ресурси и капацитети, водени од заедничкиот интерес за ефикасно и ефективно справување со природни непогоди, други несреќи и радијациони вонредни настани.
Со овој Меморандум се уредуваат начелата, обемот и начинот на меѓусебна соработка помеѓу двете институции во повеќе сегменти: превенција, планирање, подготвеност и ефективен одговор на радијациони вонредни настани на територијата на Република Северна Македонија, координација на активности за заштита на населението, материјалните добра и животната средина од штетните ефекти на јонизирачкото зрачење, како и размена на информации, експертиза и техничка поддршка.


 

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225