Новости

Меѓународна конференција за радијациона сигурност

Во периодот од 27 до 30 април 2026 година, во седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во Виена, Австрија, се одржа меѓународната конференција IAEA Conference on Effective Nuclear and Radiation Regulatory Systems во областа на радијационата и нуклеарната безбедност, на која учествуваа претставници од повеќе меѓународни организации и регулаторни тела.

Конференцијата беше насочена кон зајакнување на ефективните регулаторни системи во областа на радијационата и нуклеарната безбедност.

Република Северна Македонија на конференцијата беше претставена од претставници на Дирекцијата за радијациона сигурност , која активно учествуваше во работата на настанот преку присуство на пленарните сесии, тематските дискусии и работилниците.

Учеството на Дирекцијата за радијациона сигурност придонесе за унапредување на стручните знаења и следење на современите трендови и меѓународни стандарди во областа.

Како еден од клучните заклучоци од конференцијата се издвојува потребата од континуирано јакнење на човечките и техничките ресурси, како и понатамошно унапредување на меѓуинституционалната и меѓународната соработка, со цел обезбедување и одржување на високо ниво на радијациона и нуклеарна сигурност.

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225