На 7 мај 2026 година е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност, претставувана од директорот Дејан Богојевски и Институтот за јавно здравје, претставуван од в.д директор од науч. сор д-р Марија Андоновска со цел унапредување на националниот систем за радијациона сигурност и заштита од јонизирачко зрачење.Со Меморандумот се воспоставува континуирана и координирана соработка во областите на мониторинг на радиоактивноста во животната средина, размена на податоци и информации, процена и управување со радијациони ризици, постапување при радијациони вонредни настани, како и следење на изложеноста на професионално изложени лица.Соработката ќе придонесе за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на системите за рано предупредување и одговор, како и за обезбедување повисоко ниво на заштита на населението, работниците и животната средина.