Новости

Генерална конференција

Претставници од  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија учествуваа на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија...

Претставници од  Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија учествуваа на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) која се одржа во периодот од 25 до 29 септември 2023 година во седиштето на МААЕ во Виена, Австрија.

На Генералната конференција присуствуваат претставници од државите членки на МААЕ и истата се одржува на редовни годишни интервали со цел разгледување и одобрување на буџетот на МААЕ и донесување на одлуки во однос на останати прашања кои се покренати од страна на Бордот на директори, директорот на МААЕ или државите членки.

Врз основа на назначувањето од страна на Бордот на директори, г-дин Рафаел Мариано Гроси на конференцијата повторно е избран за директор на МААЕ со мандат до 2 декември 2027 година.

Generalna

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225