Новости

Информација - Брисел

Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, Билјана Георгиевска-Димитриевски, советник за правни работи и меѓународна соработка и Горан Трајков, инспектор за радијациона сигурност...

Претставници од Дирекцијата за радијациона сигурност, Билјана Георгиевска-Димитриевски, советник за правни работи и меѓународна соработка и Горан Трајков, инспектор за радијациона сигурност беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија на билатералните скрининг состаноци за поглавјето 15, „Енергетика“, дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“, кои се одржаа во периодот 14-15 септември 2023 година во Брисел, Белгија.

Делегацијата ја сочинуваа претставници од Министерството за економија, А.Д. МЕПСО, Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Дирекцијата за радијациона сигурност, ДКСК и претставници од Секретаријат за европски прашања.

На состанокот од страна на претставниците на Дирекцијата за радијациона сигурност беше презентирана усогласеноста на законодавството на Република Северна Македонија во однос на директивите и регулативите за подрачјето на нуклеарна енергија заедно со планираните идни чекори во областите каде е потребно дополнително усогласување.

Brisel

Brisel2

Дирекција за радијациона сигурност

Дирекцијата за радијациона сигурност е самостоен орган на државната управа со својство на правно лице и врши управни и стручни работи од областа на заштита од радијација.

Контакт

Бул."Партизански одреди'' бр.143, П.Фах.22,
Скопјe,
1020
Република Северна Македонија

е-пошта: drs@drs.gov.mk
телефон: 02/3099-030
факс: 02/3099-032

Дежурен телефон

Телефон за пријава на радијациони вонредни настани и за пријава на ординации кои работат без дозвола издадена од Дирекцијата за радијациона сигурност:

075/254 225