Печати

Во периодот од 15 до 19 јуни 2015 година, двајца претставници од Република Македонија од кои еден од Дирекцијата за радијациона сигурност д-р Трифче Сандев, учествуваа на регионална работилница за методологија за изработка на проценка на сигурност за складишта и одлагалишта на радиоактивен отпад, која што се одржа во Краснојарск, Руска Федерација.
На работилницата беа разменети искуства во врска со управувањето со радиоактивен отпад и подготвувањето на проценка за сигурност во повеќе земји во регионот и пошироко. Беа презентирани и најдобри пракси и препораки за изготвување на проценка на сигурност за складишта и одлагалишта на радиоактивен отпад од претставници на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.